Еден работник загина, а тројца се повредени на градилиштето во Кисела Вода: Детали од МВР

Еден работник загина, а тројца се повредени денеска на градилиште во скопска Кисела Вода, при ископ на темели со земја.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во несреќата биле затрупани четворица работници. Тројца од нив се извлечени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Еден од работниците бил пронајден без знаци на живот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Од МВР велаат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ивица Конески е инвеститор на зградата во Кисела Вода каде што еден работник загина, а тројца се повредени при затрупување со земја

Тројца градежни работници затрупани при ископ на темели на градилиште во Кисела Вода

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести