Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Конески е инвеститор на зградата, на чие што земјшите во скопска Кисела Вода, се случи несреќа при која едно лице загина, а тројца се повредени при затрупување со земја при ископување на темели.
Конески, за телевизија Телма, изјави дека изведувач на работите е компанијата Јакимовски ДООЕЛ и очекува истрагата да покаже кои се причините за несреќата. Посочи дека ги имале сите потребни дозволи.
Обвинителство во меѓувреме отвори истрага за несреќата.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот.
Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор,“ информираа од ОЈО Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден работник загина, а тројца се повредени на градилиштето во Кисела Вода: Детали од МВР
Фото: ТВ 24













