И денeска се апсат лица за незаконскиот увоз на материјали за ботокс и филери

И денеска на повеќе локации низ Македонија се вршат претреси за незаконскиот увоз на материјали за ботокс и филери, а поради обемот и сериозноста на случајот, акцијата се проширува и со приведување на нови инволвирани лица, информираа од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За лажен ботокс и филери уапсени доктори од скопски клиники и дерматолошки ординации

Заедничката акција на ОЈО ГОКК и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР), започна вчера, а во рамки на истата беа уапсени неколку доктори од скопски клиники, како и сопственици на дерматолошки ординации.

-Се уште се спроведува координирана акција при што се вршат интензивни претреси на повеќе локации низ државата.

Акцијата е резултат на постоење на основи на сомневање за сторени кривични дела “Злосторничко здружување“, “Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и “Примање поткуп“, информираа од ОЈО ГОКК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓу кои и доктори во „8 Септември“ и Дерматологија: Приведени 14 лица за незаконскиот увоз на материјали за ботокс и филери

Користете услуги само од овластени и лиценцирани даватели на здравствена заштита, апелираат од Здравство по аферата со евтиниот ботокс и филери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести