Користете услуги само од овластени и лиценцирани даватели на здравствена заштита, апелираат од Здравство по аферата со евтиниот ботокс и филери

По аферата за незаконскиот увоз на медицински материјали за естетика – ботокс и филери, се огласија и од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И денeска се апсат лица за незаконскиот увоз на материјали за ботокс и филери

Од таму најавуваат дека секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи.

– Најголем дел од здравствените работници чесно, совесно и стручно ја работат својата работа. Апелираме доследно да ги почитуваат професионалните и етичките норми.

Апел до граѓаните да користат услуги исклучиво од овластени и лиценцирани даватели на здравствена заштита. Истовремено, потсетуваме на начелото за презумпција на невиност, вели министерот за здравство, Азир Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓу кои и доктори во „8 Септември“ и Дерматологија: Приведени 14 лица за незаконскиот увоз на материјали за ботокс и филери

За лажен ботокс и филери уапсени доктори од скопски клиники и дерматолошки ординации

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести