Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој по 14 месеци бегство реши да се врати во Македонија, останува во фокусот на јавноста.
Како што е познато тој избега откако беше осомничен за случајот со проневера на над 8 милиони евра во Државна лотарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Додека беше во бегство за него беше одреден притвор од 30 дена, но кога се врати од „безбедносни причини“ заврши во куќен притвор во неговиот дом во скопски Чаир и е под 24-часовен надзор.
Истрагата за овој случај како што информираа неодамна од Основното јавно обвинителство (ОЈО) е завршена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку полицајци го чуваат Артан Груби
За Груби има и предмет за неговото ставање на „црната листа„ на САД
Тоа не е единствениот предмет за Груби.
На 10. декември 2024 година, веднаш откако Груби заедно со поранешниот судија од Апелацискиот суд, Енвер Беџети, беше ставен на „црната листа“ на САД, ОЈО оформи предмет за него и судијата.
Груби со судијата заврши на “црната листа“ поради значителна корупција, како што информираа од американскиот Стејт департмент, за да ги развлекуваат предметите поврзани со поранешниот прв човек на поранешната Управа за разузнавање и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
Како што информираа тогаш од ОЈО требаше да се истражи кој е давател на поткупот и кој е примател на поткупот, ама и по 14 месеци нема никаква информација од Обвинителството за овој предмет.
Кога беше оформен предметот поранешниот државен обвинител Љупчо Коцевски меѓу друго кажа и оти Обвинителството имало одлична соработка со САД и американската Амбасада во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Артан Груби
Каков имот пријавил обвинителот Даниел Коцев, кој побара куќен притвор за Артан Груби
„Го “уапсија” за да го однесат дома“: Реакции на социјалните мрежи за куќниот притвор за Груби
Фото: Груби/Фејсбук














