Одобрено обвинението за злоупотребите со програмата ИПАРД

Од Основниот кривичен суд Скопје денеска информираа дека е одобрен обвинителниот акт за злоупотребите со програмата ИПАРД.

Со истиот се опфатени пет физички лица, кои се товарат за повеќе кривични дела – давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание, примање награда за противзаконито влијание и примање поткуп.

Дел од обвинителниот акт е и обвинителен предлог против четири физички и едно правно лице.

Предметот преку Автоматизираниот систем за управување со судски предмети (АКМИС), ќе биде распределен кај судија, кој дополнително треба да го закаже датумот за почеток на главната расправа.

Истрагата за случајот беше отворена на почетокот на ноември лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управител на фирма нудел 50 илјади евра поткуп за пари од ИПАРД: Поднесено обвинение за него и четворица службеници

Која е Даниела Лазарова Иротова, новата директорка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Каков имот пријавил Илија Стоилев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кој заврши во притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести