Од страна на Основниот суд Штип тројцата турски државјани Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан Кулдруд денеска беа осудени на по пет години затвор поради помагањето на нивниот сонародник Кадир Кара да побегне по убиството во кафуле на плоштадот во Штип.
Во изречената казна затвор им се пресметува и времето поминато во притвор сметано од 5. мај 2025 година.
Судот им изрече и доживотно протерување од Македонија. Ќе бидат протерани од земјава откако ќе ја отслужат казната.
Четвртообвинетата доби три месеци затворска казна, која веќе ја има издржано преку притвор и куќен притвор.
Убиството се случи во мај 2025 година.
Кара, призна вина и беше осуден на 17 години затвор и доживотно протерување од Македонија, кое ќе се спроведе откако ќе ја одлежи казната во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
17 години затвор за Турчинот што уби сонародник во кафуле во Штип
Фото: Унсплеш














