Одобрено обвинението за 13. полицајци за пожарот во „Пулс“

Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека е одобрен обвинителниот акт за 13. полициски службеници за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани.

Истиот на крајот на јануари беше поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а тие се товарат за кривичното дело “тешки дела против општата сигурност“.

Останува уште предметот да биде распределен преку Автоматизираниот систем за управување со судските предмети (АКМИС), кај судија од Одделот за постапување со предмети од организиран криминал, кој дополнително треба да закаже датум за почеток на судењето за нив.

Од нив девет се полицајци, а четворица се началници – двајца од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани и двајца од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип.

Покрај овој обвинителн акт, ОЈО ГОКК на крајот на јануари поднесе и два обвинителни предлози против нивни колеги кои, исто така, се товарат за кривични дела поврзани со пожарот во „Пулс“.

За нив веќе се закажани првите рочишта, бидејќи станува збор за обвинителни предлози за кои не е потребно одобрение од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судењето за дел од полицајците обвинети за „Пулс“ започнува во март

Поднесени три обвиненија и за полициските службеници за пожарот во „Пулс“ во Кочани

Запрена истрагата за шест полицајци осомничени за предизвикување општа опасност за случајот „Пулс“

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести