Судењето за дел од полицајците кои се обвинети за трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани ќе почне следниот месец.
Истото ќе биде во Основниот кривичен суд Скопје.
За 25 полицајци на 30. јануари од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција беа поднесени еден обвинителен акт и два обвинителни предлога.
Судењето на тројцата полицајци по едниот обвинителниот предлог ќе започне на 2. март, а за деветте полицајци по другиот ќе започне на 5. март.
Судењето за останатите 13 полицајци се уште не е закажано, бидејќи обвиинителниот акт за нив не е одобрен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поднесени три обвиненија и за полициските службеници за пожарот во „Пулс“ во Кочани














