Најмногу туристи во Македонија во декември дошле од Турција, Бугарија, Србија и Грција

Во декември лани 59.521 туристи оствариле 112.001 ноќевања во Македонија, објави Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи, 36,7% се домашни, а 63,3% се странски туристи. 

Од ноќевањата, 42,4% се од домашните, а 57,6% од странските туристи.

Во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6%, односно кај домашните туристи има намалување за 2,2%, а кај странските има зголемување за 10,3%.

Во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0,8%, така што кај домашните туристи има намалување за 4,1%, а кај странските има зголемување за 6,4%.

Најмногу странски туристи во декември има од Турција, Бугарија, Србија и Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести