Во декември 2025 година се издадени 237 одобренија за градење, што е за 17,4% помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.988.378 илјади денари, што е за 19,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 140 (59,1%) се наменети за објекти од високоградба, 42 (17,7%) за објекти од нискоградба и 55 (23,2%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 237 објекти, на 132 (55,7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (44,3%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 411 станови со вкупна корисна површина од 38.300 метри квадратни.














