Продажбата на хотелите „Јадран“ и „Бристол“, кои се сопственост на Македонијатурист АД Скопје е во фокусот на јавноста.
Станува збор за хотели кои се дел од историјата на градот, а едниот од нив – „Јадран“, познат и како Арапска куќа, е прогласен за историски споменик на културата.
Освен овие два хотели Друштвото продава и друг недвижен имот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хотелите “Јадран“ и “Бристол“ и официјално одат на продажба
Во сопственост на Македонијатурист се и хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн “Турист”, “Карпош„, “Белви”, кои работат, како и на хотелите “Водно“, и „Сарај“, кои не работат, како и на друг недвижен имот во Скопје, од кој дел Друштвото го дава под закуп.
Хотелот „Јадран“ прво треба да се понуди на државата
Бидејќи хотелот „Јадран“, кој е изграден меѓу 1936 и 1938 година, е заштитен, според Законот за заштита на културното наследство, тој прво треба да биде понуден на државата, односно на Управата за заштита на културното наследство.
Оваа стои во членот 140 од Законот, каде пишува и дека држвата има рок од 30 дена писмено да одговори на понудата.
Ако државата ја прифати понудата, за истиот ќе треба да плати во рок од 30 дена, во готово.
Доколку државата не е заинтересирана, Македонијатурист ќе може хотелот да го продаде на друго лице.
Во член 141 од Законот пак стои дека ако Македонијатурист го продаде хотелот без да ѝ го понуди на државата или го продаде на друг купувач по пониска цена од онаа што ѝ ја понудиле на државата, продажбата може да се поништи, а сопственикот и купувачот да добијат тужба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се акционерите кои ќе одлучуваат за продажбата на хотелите “Бристол“ и „Јадран“
Кој е Ацо Дудулоски, новиот претседател на УО на Македонијатурист
Фото: Унсплеш














