Кои се фирмите “Про билдинг компани“ и “Палма траде Љумиаљ“, инвеститорите на зградата кај Католичката црква каде има свлечиште

Зградата која се гради на булеварот „Теодосиј Гологанов”, во близина на Католичката црква во скопската општина Центар, стана топ тема откако свлечиште таму затрупа багер, оштети тротоар, коловоз и автомобил, но и канализациона мрежа и улично осветлување.

Како што информираа од Општина Центар при увидот на надлежните органи исто така биле констатирани и низа неправилности во однос на изведбата на објектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Центар ќе бара одземање на лиценците на вклучените во изградбата на зградата кај Католичката црква, каде имаше свлечиште

Од таму најавија казни и санкции за вклучените во изградбата на зградата, но и дека градежниот инспектор на Општина Центар ќе побара одземање на лиценците на одговорните лица вклучени во изградбата.

Општината ќе бара и утврдување одговорност од надзорот и изведувачот на објектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казни и санкции за инвеститорот за свлечиште на градилиштето во близина на Католичка црква

Исто така, од страна на Општина Центар до Основното јавно обвинителство е доставено и официјално известување за случајот.

Кои се инвеститорите

Како што веќе пишуваше еМагазин, инвеститори на зградата се Про билдинг компани ДОО – Тетово и Палма траде Љумиаљ ДООЕЛ – Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е инвеститор на зградата кај Католичката црква, каде свлечиште затрупа багер и оштети тротоар и автомобил

Изведувач пак е Конструксиони-инвест ДООЕЛ Тетово.

Надзорот го прави ХИГХ Конструктион гроуп ДООЕЛ – Гостивар.

Телевизијата Телма објави дека Про билдинг компани е во сопственост на Абдуљвехап Хусеини, Трипун Крстевски и Ванчо Крстевски.

Повикувајќи се на податоци на Бизнис мрежа, телевизијата објави дека минатата година добивката на фирмата била намалена за 97% и изнесувала 216 илјади денари.

Палма траде Љумиаљ пак е во сопственост на Љумиал Џеладини. Таа лани имала добивка од 3,4 милиони евра и истата е зголемена за 94%, објави телевизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Свлечиште на градилиште во близина на Католичка црква: Затрупан багер, оштетени автомобил и тротоар

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести