
Еден од сопствениците на инвеститор на зградата кај Католичката црква е раководител во Центарот за социјални грижи во Тетово, објави Телма
Еден од сопствениците на фирмата Про билдинг компани ДОО – Тетово, која е инвеститор на зградата која се гради на булеварот „Теодосиј Гологанов”, во близина на Католичката црква во скопската општина Центар, каде има свлечиште, е раководител на секторот Права во Центарот за социјални грижи во Тетово, објави телевизијата Телма.





















