Еден од сопствениците на инвеститор на зградата кај Католичката црква е раководител во Центарот за социјални грижи во Тетово, објави Телма

Еден од сопствениците на фирмата Про билдинг компани ДОО – Тетово, која е инвеститор на зградата која се гради на булеварот „Теодосиј Гологанов”, во близина на Католичката црква во скопската општина Центар, каде има свлечиште, е раководител на секторот Права во Центарот за социјални грижи во Тетово, објави телевизијата Телма.

Станува збор за Абдуљвехап Хусеини, а другите двајца сопственици на фирмата се Трипун Крстевски и Ванчо Крстевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се фирмите “Про билдинг компани“ и “Палма траде Љумиаљ“, инвеститорите на зградата кај Католичката црква каде има свлечиште

Телевизијата го контактирала Хусеини и за да го праша за кривични пријави кои според Телма ги добил за “несовесно работење во службата“. Но, тој не одговорил на прашањата.

Како што веќе пишуваше еМагазин, инвеститор на зградата е и Палма траде Љумиаљ ДООЕЛ – Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е инвеститор на зградата кај Католичката црква, каде свлечиште затрупа багер и оштети тротоар и автомобил

Изведувач пак е Конструксиони-инвест ДООЕЛ Тетово.

Надзорот го прави ХИГХ Конструктион гроуп ДООЕЛ – Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Центар ќе бара одземање на лиценците на вклучените во изградбата на зградата кај Католичката црква, каде имаше свлечиште

Казни и санкции за инвеститорот за свлечиште на градилиштето во близина на Католичка црква

(Видео) Свлечиште на градилиште во близина на Католичка црква: Затрупан багер, оштетени автомобил и тротоар

Фото: Фејсбук група „Во одбрана на Буњаковец“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести