Од 1. јули дополнително намалување на царинските стапки за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија

Владата го усвои Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие стоки кои се применуваат во Европската унија (ЕУ).

Овие измени, како што информираа од Министерството за финансии, претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на 1. јули 2025 година, кога беше извршено намалување на царинските стапки до 50% од нивото на царинските стапки што важат во ЕУ.

Намалувањето на царинските стапки опфаќа 70 суровини, репроматеријали и компоненти што се користат во домашните производствени капацитети за производство на високо финални производи, за да се зголеми извозната конкурентност на македонската индустрија.

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести