Посебен режим на сообраќај поради Задушница

Денеска поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа лево по улицата „Александар Урдаревски“, лево по улицата „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта „Бутел“.

За излез, пак, од гробишта сообраќајот ќе се одвива десно по улицата „Боца Иванова“ до кружниот тек на улицата „Бутелска“, па лево по истата улица и десно по улицата „Кемал Сејфула“.

Посебниот режим на сообраќај ќе се воведе и на гробишта Камник, и гробиштата во Драчево и Ѓорче Петров. Доколку се процени дека има потреба – посебниот режим на сообраќај ќе се реализира и во сабота и во недела (30 и 31.05.).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести