Јавното сообраќајно претпријатите (ЈСП) „Скопје“ информира дека денеска по повод Духовден, автобусите ќе возат по неделен возен ред.
Исклучок ќе бидат линиите 11, 11а, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 74, 80а, 111 и 180 кои ќе функционираат по дневен возен ред.
Од ЈСП информираат дека автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред и за време на викендов.
Според потребите и по добиени информации од терен, ќе се вклучуваат и интервентни возила кон гробиштата Бутел.














