Македонијатурист освен што ги продава хотелите „Бристол“ и „Јадран“, купува и имот вреден 17, 7 милиони евра

Акционерите на Македонијатурист АД Скопје, како што информираа од таму преку Македонската берза, на седница на Собранието на акционери, одлучија Друштвото да купи имот во скопско Ново Лисиче.

Како што веќе објави еМагазин, на исто Собрание е донесена и одлука за продажба на дел од недвижниот имот на Друштвото – хотелите „Бристол“ и “Јадран„, ресторанот “Пивница“, кои не работат со години…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хотелите “Јадран“ и “Бристол“ и официјално одат на продажба

Недвижниот имот кој го купува Друштвото е градежно земјиште со површина од 8.081 метри квадратни за кое согласно важечкиот Детален урбанистички план има маркица за градба на деловен простор и станбен простор со вкупно бруто изградена површина од 34.987 метри квадратни.

За истото Друштвото ќе плати 17.700.000 евра, плус даноци.

Вредноста на оваа зделката претставува 28.21% од сметководствената вредност на имотот на Друштвото.

Во сопственост на Македонијатурист се и хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн “Турист”, “Карпош„, “Белви”, кои работат, како и на хотелите “Водно“, и „Сарај“, кои не работат, како и на друг недвижен имот во Скопје, од кој дел Друштвото го дава под закуп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се акционерите кои ќе одлучуваат за продажбата на хотелите “Бристол“ и „Јадран“

Кој е Ацо Дудулоски, новиот претседател на УО на Македонијатурист

Марковски, Поповски и Бошков поднесоа оставки од Надзорниот одбор на Македонијатурист

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести