Нема да има референдум за ЕУ

Референдум за членство во Европската унија (ЕУ) нема да има.

Оваа е епилогот по јавното барање на референдум од страна на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

Од Владата велат дека нема потреба да се троши време и пари на граѓаните и дека тоа што таа работи на Реформската агенда, е јасен показател за нејзината европската ориентација.

„Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Укинувањето на Оценската мисија од Советот на ЕУ, како и отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија, се јасен показател за европската ориентација на оваа влада“, велат од таму.

Филипче, пак, меѓу друго, смета дека граѓаните треба да одлучат за иднината на земјава и за нејзиниот пат кон ЕУ, и дека ова не е политичко, туку референдумско и прашање за секој граѓанин, кој треба да одлучи за својата судбина, а не тоа да го прави премиерот Христијан Мицкоски.

Пред неколку дена пак, Виктор Габер, поранешен амбасадор и дипломат на Македонија, поднесе преставка до Собранието со која побара пратениците да покренат постапка за организирање референдум за членството на државата во ЕУ.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести