Собранието на акционери на РЖ Техничка контрола АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
За таа намена се предвидени 9.463.250 денари бруто.
Парите се обезбедени од ланската добивка, како и од резервите за наменски издатоци.
Висината на дивидендата по акција е 50 денари.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 09.06.2026 година.














