Македонскиот министер за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, откако САД привремено ги суспендираше иселеничките визи за Македонија и други 74 земји, најави изненадување во визната политика на САД за земјава во следните шест месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги суспендира имигрантските визи за Македонија
– Оставете малку на времето и на нашата комуникација, на фактот што имаме одлична соработка со нашиот стратешки партнер и она што можам да го кажам е дека во следниот период, па можеби во следните шест месеци, дополнително позитивно ќе се изненадите од она што може да се случи во развојот на визната политика на САД кон нашата држава, односно да почнеме да затвораме прашања што 20 години се обидувавме да ги затвориме, рече Муцунски денеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој го повтори тоа што веќе го соопштија од американскиот Стејт департмент, дека одлуката не значи дека се замрнува издавањето на студентските, туристичките и бизнис визите.
Рече и дека земјава за одлуката била во комуникација со Амбасадата на САД во Скопје и дека македонската Амбасада во Вашингтон, САД, комуницира со американскиот Стејт департмент. Според информациите од таму, македонските државјани најмалку барале иселенички визи и, генерално, се работело за повозрасни граѓани.
Фото: МНР












