Муцунски во Атина се сретна со грчкиот колега Герапетритис, средбата ја отцени како конструктивна

Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Атина, Грција, се сретна со грчкиот колега Јоргос Герапетритис.

Муцунски во објава на Фејсбук средбата ја отцени како одлична и конструктивна, а според него разговарале за билатералната и регионалната соработка, унапредувањето на политичките и економските односи меѓу двете земји, потенцијалот за нови инвестиции и проширување на енергетската соработка.

-Во фокусот беше и нашиот евроинтегративен пат.

Солидарноста, партнерството и меѓусебната почит се темел за посилни врски. Заеднички ја потврдивме посветеноста на понатамошно унапредување на односите, важноста од почитување на меѓународното право, партнерството во рамките на НАТО и соработката во мултилатералните организации, напиша Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција од Македонија бара целосно да го почитува Договорот од Преспа

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести