Мукаетов: Со визија и млади таленти РК Алкалоид од салата во Автокоманда стигна до врвот на Европскиот куп

Македонскиот ракометен клуб Алкалоид и официјално го освои Европскиот куп на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Оваа е прва европска титула за младиот клуб кој е формиран во јули 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид го освои Европскиот куп, ЕХФ конечно пресече

За големиот успех на Инстаграм се огласи и првиот човек на клубот, Живко Муакетов, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје.

“Со визија изградена врз млади македонски таленти, силна верба во тимот и професионализам според светски стандарди – РК Алкалоид испиша нова страница во европскиот ракомет. Многумина не веруваа дека е возможно да се стигне толку брзо од салата во Автокоманда до врвот на Европскиот куп, но малку е ако кажам дека ми е навистина драго што успеавме!

А како? Со напорна работа, максимална посветеност, силен тимски дух, верба во фер-плејот и лидерство какво секој би посакал на клупата“, пишува тој меѓудругото и му се заблагодари на тренерот Кирил Лазаров, целиот тим, публиката и вработените во Алкалоид.

“Огромно БРАВО за момците кои јуначки и витешки се бореа на секој меч! Секоја чест на стручниот штаб за професионално сработените задачи – докажавме дека со чесен, искрен и транспарентен пристап, без скриени ракавици и задкулисни игри, успехот секогаш сам доаѓа!?“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РК Алкалоид: Ова не е само победа, ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!

Фото: РК Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести