МВР: 10 пријави за нарушување на изборниот молк

За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани.

Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови. 

-Во врска со гласањето, на 01.11.2025 регистриран е настан за фотографирање кочан со гласачките ливчиња во основното училиште „26 Јули” во Општина Шуто Оризари, при што приведено е едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

На сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници помина без нарушување на гласањето, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во вториот круг се избира градоначалник без цензус, ако не се избере Владата ќе именува повереник

Денеска втор круг од локалните избори: Еве каде ќе се гласа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести