(Видео) Возачот без дозвола, друго лице качено на хауба: МВР со пријава за дивеењeто по скопските улици

По видеата споделени на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари. Едно од лицата беше качено на хауба.

„Во врска со видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека веднаш се преземени мерки и активности и лицата се пронајдени, извршен е службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Против возачот С.З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните делови од возилото) и член 225 став 9 (возење без возачка дозвола) од ЗБСП и член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици), како и против лицето што стои на хауба Р.Ѓ. (19) од Скопје по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165 став 2 (прави дејствија со кои ја загрозува својата безбедност) од ЗБСП,“ информираат од МВР.

СВР Скопје презема и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести