Каков имот пријавил Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани

Вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“, Александар Нацев, која ја обезбедуваше т.н. дискотека/кабаре во Кочани, е новиот обвинет за пожарот во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение и за Александар Нацев, сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“ за пожарот во Кочани

И тој е обвинет за кривичното дело “тешки дела против општата сигурност“, а како што информираа од Основното јавно обвинителство Скопје, Нацев не постапил според прописите за заштита, што довело до пожарот.

Со неговата агенција се товарат дека не презеле мерки за спречување на штетни појави и противправни дејствија и дека го вршеле обезбедувањето без писмен договор со т.н. дискотека/кабаре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани

еМагазин разгледа што пријавил во 2016 година, кога станал директор на Дирекцијата за класифицирани информации, според податоци од mkopen.org.

Каков имот пријавил

На свое име има стан во Скопје, а на име на сопругата има куќа и земјиште во Радовиш, од наследство.

Вози „хонда“.

Тогаш имал и два кредити, кој според податоците од тој период, треба да се вратени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без лиценца остана агенцијата „Рубикон“ која ја обезбедуваше дискотеката во Кочани

Фото: Фејсбук/Нацев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести