На 31. март се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна Европа

На 31. март се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), една од најпочитуваните редакции во земјава, соопшти светската медиумска мрежа.

Радио Слободна Европа на македонски јазик работи од 2001 година, а причината за затворање, како и на други сервиси на РСЕ низ светот, е одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се суспендира финансирањето на РСЕ.

РСЕ е основана во 1950 година, а се финансираше од американскиот Конгрес.

Се затвора и сервисот на паштунски јазик, кој емитува програма за Авганистан и Пакистан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затворањето на македонскиот сервис на Радио Слободна Европа сериозен удар за професионалното новинарство во Македонија

Фото: РСЕ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести