Затворањето на македонскиот сервис на Радио Слободна Европа сериозен удар за професионалното новинарство во Македонија

Затворањето на македонскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) ќе биде сериозен удар за професионалното новинарство во Македонија.

Како што веќе објавивме РСЕ на македонски јазик поради финансиски причини се затвора на 31. март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 31. март се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна Европа

РСЕ на македонски јазик работи од 2001 година, а медиумскиот светски сервис РСЕ е основана во 1950 година и се финансираше од американскиот Конгрес.

Причината за затворање, како и на други сервиси на РСЕ низ светот, е одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се суспендира финансирањето на РСЕ.

Со неговата одлука беше суспендирано и финансирањето на Гласот на Америка, кој исто така имаше сервис на македонски јазик, кои заедно со РСЕ на македонски јазик, важеа за едни од најпрофесионалните медиуми во Македонија.

Пред неколку месеци беше затворена и Ал Џезира Балканс, која имаше и канцеларија во Македонија, исто така медиум кој спаѓаше во групата на најпрофесионалните медиуми во земјава и Балканот.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести