Податоците од Годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар на недвижности за минатата година, покажуваат дека во Македонија лани месечно од изнајмување недвижности се заработувало по 4 милиони евра.
Според податоците на Агенцијата, најмногу се изнајмувале станови, кои учестуваат со 35% во овој бизнис, кои бележат раст на вкупната месечна закупнина од 15% во споредба со претходната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деловен простор во Центар лани продаден за речиси 7 милиони евра
Потоа следат деловните простори со 34% и бележат раст на вкупната месечна закупнина од 24% во споредба со претходната година.
Анализата покажува дека постои зголемена побарувачка за изнајмување, а лани имало вкупно 9.911 закупи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1,5 милион евра: Најскапата продадена куќа е во скопски Центар
166.500 евра: Најскапиот продаден стан лани во Македонија е во скопски Аеродром
Странците видоа бизнис во високите цени на становите, ќе растат ли уште повеќе?
Фото: Унсплеш














