Податоците од Годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар на недвижности за минатата година покажуваат дека најскапиот продаден стан во земјава е во скопски Аеродром, кој бил продаден за 166.500 евра.
Како што е веќе познато скопските општини Центар, Карпош и Аеродром ги имаат најскапите цени за квадарат на недвижни во земјава, а тоа го потврдува и Извештајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1,5 милион евра: Најскапата продадена куќа е во скопски Центар
Највисоката цена за стан по метар квадратен лани е постигната во Аеродром, каде истата достигнала 3.784 евра.
Во Центар просечната цена на метар квадратен лани била 1.692 евра, во Карпош, 1.558 евра, а во Аеродром – 1.419 евра.
Најмногу недвижнини се продале во Центар, па во Аеродром, и во Карпош.
Извештајот покажува дека становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот на недвижнини и во текот на минатата година тие учествувале со 33% во вкупниот број на купопродажби и со дури 48% од вкупната вредност на пазарот.
Бројот на продадени станови пак е намален за 3,9%, а нивната вредност пораснала за 10,8%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Странците видоа бизнис во високите цени на становите, ќе растат ли уште повеќе?
Во Скопје станови се продаваат и за 3.000 евра за квадрат
Како се движи цената на становите во Скопје?














