1,5 милион евра: Најскапата продадена куќа е во скопски Центар

Најскапата продадена куќа во Македонија лани била во скопски Центар. Како што покажуваат податоците од Годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар на недвижности за минатата година, истата е продадена за 1.5 милион евра.

Според извештајот куќите учествувале со 13% во вкупниот број на купопродажби, а е забележан раст на купопродажната вредност на куќите во споредба со претходната година, од 37%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

166.500 евра: Најскапиот продаден стан лани во Македонија е во скопски Аеродром

Становите остануваат најатрактивни за купување на пазарот на недвижности.

Лани купопродажбата на недвижен имот во споредба со претходната година е зголемена за 4%, а пазарот бележи раст од 7,6%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странците видоа бизнис во високите цени на становите, ќе растат ли уште повеќе?

Во Скопје станови се продаваат и за 3.000 евра за квадрат

Како се движи цената на становите во Скопје?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести