Успешно реализирани 16 трансплантации на рожница

Тим експерти од САД им помогнал на македонските лекари во трансплантации на рожница.

„Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова партнерство.

Со оваа втора фаза, не само што продолжуваме со зголемен обем на интервенции, туку и дополнително ги зајакнуваме капацитетите на домашните тимови, преку трансфер на знаење и примена на најсовремени, минимално инвазивни техники.

Особено значајно е што кај шест пациенти беа применети современи минимално-инванзивни техники, при кои се трансплантира само дел од рожницата со микронска прецизност и без примена на шевови. Овие процедури се реализираат првпат во офталмологијата во нашата земја, истакна министерот за здравство Азир Алиу.

Тој уште еднаш апелираше до сите граѓани дека органодарителството е чин на хуманост кој спасува животи.

„Без донори, нема трансплантации. Токму затоа, работиме и на законски измени со кои ќе овозможиме секој граѓанин, додека е жив, да може да се изјасни дали сака да биде донор. Нашата цел е таа волја да биде примарна и целосно почитувана, а системот да биде транспарентен и доверлив,“ додаде Алиу.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести