Дизел-горивото на „Макпетрол“ од вечерва по полноќ ќе се продава по цена пониска за три денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика, водени услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), информираат од таму.
-Компанијата уште од вчера ја спушти цената на дизелот за два денари, а со дополнителното намалување, ова гориво од вечерва ќе се продава за вкупно три денари пониска цена.
По промената, дизел-горивото ќе може да се набави за 92,5 денари за литар.
И дел од другите горива на бензинските станици на „Макпетрол“ веќе се продаваат за цена пониска од два денари од тие објавени од Регулаторната комисија за енергетика.
Горивото Еуросупер БС-95 на „Макпетрол“се продава по цена од 84,5 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-98 чини 86,5 денари, велат од таму.
РКЕ вчера ги објави следните цени на горивата: Еуросупер БС-95 – 86,50 денари за литар), Еуросупер БС-98 – 88,50 денари за литар, Еуродизел БС – 95,50 денари за литар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6. април
Како се одредува цената на бензините и дизелот
Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија














