Цената на бензините и дизелот во Македонија драматично расте две недели по ред, откако САД и Израел го нападнаа Иран, што предизвика раст на цената на нафтата на светските берзи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бензините поскапуваат за 7, а дизелот за 6,5 денари
Бензините од денеска се поскапи за 7 денари, а дизелот за 6,50 денари за литар, а поскапеа и другите горива.
Освен цената на нафтата на светските берзи, на крајната цена на горивата во Македонија, меѓу друго влијае и курсот на доларот, кој по војната на Блискиот Исток, почна да расте.
Како се одредува цената на горивата
Според методологијата која ја користи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), набавната цена на светските берзи има најголем удел во формирањето на цената на горивата.
Кај бензините тој фактор се движи до 49,9 проценти, кај дизелот до 54,6 проценти, а кај мазутот до 78,5 проценти.
Следи учеството на државата. Кај бензините за државата оди до 43,2 проценти од цената, а кај дизелот до 36,6 проценти.
Во крајната цена влегуваат и надоместокот за трошоци за работење преку склад и трговска маржа, надоместокот за транспортни трошоци од склад до бензински станици, надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина и надоместокот за задолжителни резерви и акцизите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата може да интервенира по шокот со драстичнот раст на цените на бензините и дизелот
Методологијата не и дозволува на РКЕ да интервенира во крајните цени, но тоа може да го направи Владата преку можноста за намалување на акцизата за горивата и на ДДВ-то за увоз на енергенси, како кризни мерки.
Вакви мерки се можни во кризни состојби кога Министерството за финансии може да ја намали акцизата за горивата до 4 денари или ДДВ-то за увоз на енергенси од 18 на 10%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој има поевтин бензин и дизел од Македонија во регионов
РКЕ им укажува на нафтените компании да ги намалат малопродажните цени за 2 денари
Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија
Фото: Унсплеш














