Кој има поевтин бензин и дизел од Македонија во регионов

Од денеска цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 е повисока за 7 денари, а на Еуродизелот (Д-Е V) за 6,50 денари, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бензините поскапуваат за 7, а дизелот за 6,5 денари

Оваа следи по растот на цената на нафтата на светските берзи по нападот на Иран од страна на САД и Израел, што придонесе бензините, дизелот, но и другите горива, драстично да се зголемат и претходната недела.

Кој има поевтин бензин и дизел од Македонија во регионот

Според споредбата која вчера ја објави РКЕ, поевтин бензин од Македонија, која генерално има едни од најниските цени на горивата во регионот, има само во Косово и Бугарија.

Поевтин дизел од Македонија, пак има само во Босна и Херцеговива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се одредува цената на бензините и дизелот

РКЕ им укажува на нафтените компании да ги намалат малопродажните цени за 2 денари

Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија

Фото: Унсплеш/Илустрација: РКЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести