(Видео) Почит за загинатите во Кочани и во Штип, Струмица и Виница

Вчера во Македонија се обележуваше годишнината од трагедијата во Кочани.

Централните случувања беа во Кочани, градот кој загуби најмногу, а синоќа почит на 63. загинати, претежно млади лица, им одаде и Штип, од каде се пет од загинатите.

И во Виница во кино-салата при Домот на културата „Тошо Арсов“ се одржи комеморативен настан во спомен на загинатите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Времето не лечи, станува потешко, вели мајката на Џоко Ѓоргиев, кој загина во пожарот во Кочани

И Струмица, која го изгуби 25-годишниот Џоко Ѓоргиев – млад музичар, тапанар и дел од бендот ДНК, одаде почит на загинатите.

Во Градскиот парк беа заседени дрвца, во сите средни училишта во Струмица се организираше собирање на финансиски донации, како поддршка за семејствата погодени од трагедијата, како и хуманитарен меморијален фудбалски турнир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Времето нема да ги излечи раните, ќе има ли барем правда: Една година од трагедијата во Кочани

(Видео) 63 бели празни столчиња: Кочани им одава почит на загинатите во пожарот во „Пулс“

(Фото) Кој од политичарите дојде во Кочани на годишнината од трагедијата во “Пулс“ да одаде почит

Фото: Игор Бансколиев/приватна архива/Ѓорѓиев/видео: Телевизија M»Net HD 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести