На берзанска аукција се продаде пакет акции на Тиквеш за 1,8 милиони евра

Вчера на јавна берзанска аукција по моделот „се или ништо“ на Македонската берза се продаде пакетот на акции од 10.646 обични акции издадени од винарската визба Тиквеш АД Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пакет на акции на Тиквеш ќе се продава на берзанска аукција

Истите преставуваат 3,94% од основната главнина на Друштвото, а се продадоа по почетната продажна цена од 10.596 денари по акција. Сумата што беше платена за целиот пакет акции е 112,8 милиони денари или 1,8 милиони евра.

Како што претходно пишуваше еМагазин, продажбата на акциите беше на барање на Еурохаус АД Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пред денешната берзанска аукција продадени акции на Тиквеш вредни 771 илјади евра

Пред аукцијата во две блок трансакции беа продадени – 6.500 акции, кои преставуваат 2,40% од основната главнина на Друштвото за 771.000 евра и 510 акции, коишто преставуваат 0,19% од основната главнина, за 82.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е најголемиот акционер во Тиквеш

Синот на Свето Јаневски, Јане излезе од Управниот одбор на Тиквеш

Јане Јаневски и Кристијан Поленак нови членови на НО на Тиквеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести