На дел од бензинските пумпи во Словенија снемало гориво, објавија словенечките медиуми.
Дел од нив пишуваат дека читатели им се јавувале од различни делови на Словенија, жалејќи се дека на некои од филијалите не можеле да наполнат гориво.
Според словенечките нафтени компании побарувачката ја надминало понудата, а поради војната на Блиски Исток, цената е драстично зголемена.
„Движењето на малопродажните цени на горивата во Словенија е поврзано со движењето на берзанските котации на меѓународните пазари и важечката регулаторна рамка, па затоа не можеме да шпекулираме за можни промени на цените во овој момент,“ изјавиле од Петрол.
Освен горива, на дел од пумпите снемало и нафта за греење, а според нафтените компании во периоди на зголемена побарувачка, може да има привремено намалување на залихите на поединечни локации, што повремено може да влијае на моменталната достапност на поединечни енергетски производи.
Словенечките нафтени компании ги уверуваат граѓаните дека немаат никакви проблеми со снабдувањето, и доколку одредено гориво снема привремено, истото е достапно до најблиското продажно место.
Фото: Унсплеш














