Петте терестријални телевизии на државно ниво – Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма, лани потрошиле 1.193,04 милиони денари, што е највисок износ на заедничките трошоци во последните шест години покажува Анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
-Во однос на 2023 година трошоците биле повисоки за 8,12 %. Само Сител потрошила помалку стредства отколку во претходната година (за 1,26 милиони денари). Другите четири телевизии ги зголемиле трошоците, а најмногу Канал 5 (за 60,62 милиони денари), стои во анализата.
Најмногу средства биле потрошени за плати и други надоместоци на вработените лица. За оваа намена телевизиите заедно издвоиле 34,71 милион денари повеќе отколку во 2023 година, односно овој вид трошок во 2024 година изнесувал вкупно 425,47 милиони денари
-Сите телевизии потрошиле повеќе за плати отколку во претходната година, и тоа: Алфа 3,06 милиони денари, Алсат-М 10,67 милиони денари, Канал 5 – 5,28 милиони денари, Сител 6,28 милиони денари и Телма 9,41 милион денари повеќе.
Најмногу за плати во 2024 година идвоила Сител – 106,99 милиони денари. Оваа телевизија има и најмногу вработени – просечниот број на вработени во редовен работен однос изнесувал 152 лица. Просечниот број на вработени во сите телевизии заедно изнесувал 585 лица, три лица помалку отколку во 2023 година. Зголемување на бројот на вработени имало само кај Сител, и тоа за пет лица.
Освен овие трошоци, позначаен износ на средства бил потрошен и за набавка на програма (361,45 милиони денари, односно 30,30 % од вкупните трошоци на телевизиите). И за оваа намена најмногу потрошила Сител – 187,62 милиони денари, што претставува повеќе од другите четири телевизии заедно, стои во анализата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работеле телевизиите 24, Наша, Шења, ТВ 21 и Сонце лани
Како работеле Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани
Колкави приходи имале Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани