Кој е газдата на „Рубикон“, која ја обезбедуваше „Пулс“ во Кочани, чие обвинение се спои со главното

За трагедијата во Кочани по вчерашниот старт на судењето сега се обвинети 36 и три правни лица, откако обвининето за Александар Нацев, вистинскиот газда на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, која ја обезбедуваше т.н. дискотека “Пулс“, се спои со главното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинението за сопственикот на „Рубикон“, која ја обезбедуваше т.н. дискотека во Кочани споено со главното

За пожарот во т.н. дискотека се уште се води истрага за полициски службеници. Како што најавија неодамна од Основното јавно обвинителство, обвинение за оваа истрага треба да има следниот месец.

Се води и предистрага за инволвираност и на инспектори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за полициските службеници за трагедијата во Кочани наредниот месец, за службениците од УЈП се уште трае предистрагата

Спојувањето е направно поради економичност на судската постапка, а поради тоа вчера дел од адвокатите побараа одложување на првото рочиште.

Кој е Нацев

Во периодот од 2015 до 2017 година, како кадар на ВМРО-ДПМНЕ беше директор на Дирекцијата за класифицирани информации.

Тој е извршен директор на ЦБИ и декан на Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет во Скопје.

Нацев е доктор на науки од областа на безбедноста од Институтот за одбрана, безбедност и мир во Скопје.

Работел и како дипломат во Мисијата на Македонија во седиштето на НАТО во Брисел.

Зборува англискиот и германскиот јазик, стои во неговата официјална биографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Диана Груевска Илиевска, која го води судскиот процес за трагедијата во Кочани

Каков имот пријавил Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани

(Видео) Со која совест адвoкатите на обвинетите ќе земат крвави пари, прашаа родителите на загинатите во Кочани, кои се скептични како ќе тече и заврши судењето

Фото: Нацев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести