За периодот од 2020 до 2025 години граѓаните и фирмите во Град Скопје за даноци и такси должат над 36 милиони евра.
Информацијата ја соопштија од Град Скопје, од каде ги повикаа сите да си ги подмират долговите.
Увид дали должите и колку, може да направите и преку danoci.skopje.gov.mk, каде исто така може да се преземат даночните и таксените решенија.
Електронска уплата на долгот може да се направи преку електронската платформа за даноци на Град Скопје или на даночните шалтери на Градот.
Фото: Унсплеш













