Наташа Крстевска Цалева нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје

Наташа Крстевска Цалева вчера од страна на Советот на јавни обвинители е назначена за нов в.д. шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Таа беше определна од Советот за оваа функција уште од февруари годинава.

Ќе остане на функцијата до избор на нов шеф, но не подолго од шест месеци.

Доаѓа на местото на Мустафа Хајрулахи, кој беше суспендиран, откако Основното јавно обвинителство Штип за него поднесе обвинение за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Тој ги отфрли сите обвинување, а пред извесно време поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителот Мустафа Хајрулахи поднесе оставка, Советот на јавни обвинители ја прифати

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести