Никој не кажува каде е судијата Ѓоко Ристов, на кој му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид

За 350.000 илјади евра скриени во ѕид во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов, од Апелацискиот суд Скопје, досега информации споделија Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата и Управата за финаниска полиција.

Никој од овие институции не даде информација каде е е Ристов, за кого засега не е побаран притвор. А и да биде побаран, дозвола ќе треба да даде Судскиот совет, оти има судски имунитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За судијата Ѓоко Ристов засега нема притвор оти има имунитет: Кој може да му го одземе?

Порталот Сакам да кажам објави дека истражителите прво извршиле претрес во негиовот стан во Скопје пред околу две недели, но тогаш не нашле ништо сомнително.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом се најдени 350.000 евра, скриени во ѕид

Пред една недела тој според СДК на работа кажал дека е болен и оти ќе замине на боледување. Оттогаш колегите не го виделе. Мобилен телефон престанал да користи од пред месец и неколку дена.

Како што информираа од Обвинителството претресот во домот на неговите родители, но и на други локации е проширување на истрагата од 14. декември во која е осомничен поранешниот народен правобранител и адвокат Фехми Стафа.

Како што е познато тој е осомничен за примање поткуп од 50.000 евра кои ги добил од сестрата на осомничениот за случајот “Синџир“, Љупчо Пецов – Ѓаволот, за да влијае кај судија на Апелација тој да не оди во притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за потпкуп од 50 илјади евра

Каков имот пријавил Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за поткуп од 50 илјади евра

Пецов, за кого Стафа зеде поткуп, сам се предал, и доби куќен притвор

Фото: Унсплеш/Апелација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести