Вонредниот инспекци надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во ПЗУ Ординација по општа медицина Целзус Нова во Кавадарци, во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци и во ЈЗУ УК за детски болести Скопје покажал дека нема лекарски пропуст за смртта на тригодишното дете од Кавадарци, велат од ДСЗИ за државната агенција МИА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инспекциски надзор во три здравствени установи за починатото тригодишно дете од Кавадарци
Од таму најавуваат и дека ќе поднесат иницијатива до министерот за здравство за формирање на комисија за стручен надзор.
Детето било родено во јануари 2021 година и имало неколку коморбидитети, поради што во повеќе наврати било лекувано во болницата во Кавадарци и Клиниката за детски болести Скопје.
На 3. јуни во пет часот, детето било донесено во болницата во Кавадарци од страна на неговите родители, било прегледано од дежурен доктор, специјалист по детски болести, кој врз основа на прегледот и испитаните параметри, проценил дека нема потреба од хоспитализација. На инсистирање на родителите, бил издаден упат за Клиниката за детски болести Скопје, каде детето било однесено со сопствен превоз, посочуваат од ДСЗИ.
Во Клиниката за детски болести било донесено во раните утрински часови околу осум часот директно на Одделот за кардиологија, без знаци на живот. Веднаш било однесено во Одделот за интензивна нега и реанимација, но детето не покажувало знаци за живот.
Директорот на болницата во Кавадарци формирал Комисија од тројца доктори за утврдување на материјална одговорност на здравствени работници кои учествувале во лекувањето на дететто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тригодишно дете од Кавадарци донесено починато на Клиниката за детски болести