Познати се кандидатите на владејачката коалиција Вреди и на опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, за градоначалник на Општина Гостивар.
Како што е познато таму изборите за градоначалник ќе се повторат од почеток, на 11. јануари, бидејќи во првиот круг од локалните избори во октомври не беше постигната потребната законска излезност.
Кандидат на Вреди е Невзат Бејта, поранешен член на ДУИ, а на НАИ, досегашниот градоначалник Валбон Лимани од крилото во Алијанса за Албанците (АА) на Арбен Таравари, кој имаше најмногу гласови во првиот круг.
Од другото крило на АА на Зијадин Села, кое ја напушти НАИ, најверојатно ќе нема кандидат.
Пред неколку денови до изборите, Општината доби повереник, назначен од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари останува, Села ја напушти коалицијата на ДУИ
Фото: Игор Бансколиев













