Плусинфо: Незаконски прислушувани и следени биле обвинителката Русковска и новинарите Ландов и Златев

Пред неколку дена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) информираа дека поранешен директор на Агенцијата и група вработени во АНБ меѓудругото незаконски прислушувале и следеле поранешен лидер на опозициска партија, новинари, обвинител и министер во претходната Влада.

До такви сознанија дошло новото раководство на АНБ по внатрешна истрага која се спровела од 2019 до 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АНБ пред еден месец во Обвинителството пријавила незаконско и непрофесионално постапување на поранешен директор и група вработени

Од таму како што веќе објави еМагазин, за тоа пред еден месец го известиле и Основното јавно обвинителство.

Од таму не открија за кого станува збор, а пред извесно време актуелниот премиер Христијан Мицкоски, самиот во јавноста посочи дека бил следен во тој период. И не само тој, туку и неговата сопруга и синовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски бил следен и годинава

Кој и зошто го следел Мицкоски, неговата сопруга и синовите, кога беше во опозиција

Порталот Плусинфо објави дека во оваа група незаконски прислушувани и следени се и обвинителката Вилма Русковска, која во тој период беше и шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.

Засега не е познато кој е поранешниот министер.

Русковска ја потврдила информацијата за порталот, Ландов во изјава за Плусинфо меѓудругото вели дека службите треба да го кажат тоа, а Златев за порталот вели дека уште во 2019 година свиркачи од АНБ му посочиле дека бил следен со посебни истражни мерки.

Според порталот списокот на незаконски прислушувани и следени е поголем.

Во посочениот период со Агенцијата раководеа Виктор Димовски и Заре Милошевски. Засега нема нивни реакции.

Aктуелен директор на АНБ е Бојан Христовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потврдија и од АНБ: Македонци во Украина војуваат и на страната на Русија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести