Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори само со два потписи

На престојните локални избори кои ќе се одржат на 19. октомври на независните кандидати за градоначалник и советници ќе им требаат само два потписи од избирачи.

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа донесе нов Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и за начинот на определување на нотарите за локалните избори, кој го предвидува тоа.

Повикувајќи се на членот 63 од Изборниот законик, кој не е укинат, а ја регулира постапката за собирање потписи за предлагање кандидати, иако членот 62 кој се однесува на локалните избори, Уставниот суд го укина, Правилникот го предложи членот на ДИК, Александар Даштевски.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести