Кој е Николас Мадуро, кој го зароби САД

Николас Мадуро, претседателот на Венецуела, кој е заробен од САД и веќе заедно со неговата сопруга е во Метрополитенскиот притворски центар во Бруклин, Њујорк, е топ тема во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Заробениот Мадуро е во Њујорк

Нападот на САД на Венецуела и неговото заробување наиде на различни реакции низ светот, пред се поради фактот дека станува збор за ново прекршување на меѓународното право, непочтување на Повелбата на Обединетите Нации (ОН), како и непочитување на суверитетот на Венецуела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија со подршка за нападот на САД на Венецуела и заробувањето на Мадуро

Сепак голем број земји, меѓу кои и Македонија, не го признаваат Мадуро за претседател.

Тој во јануари лани го доби третиот мандат. Се прогласи за победник на претседателски избори во 2024 година, кои беа отценети како нефер и наместени од меѓународните набљудувачи, а илјадници граѓани на Венецуела протестираа.

Кој е Мадуро

Роден е во работничко семејство на 23. ноември 1962 година.

Мадуро е син на поранешен лидер на синдикат.

Работел и како возач на автобус.

Важи за голем подржувач на Уго Чавез, неговиот претходник.

Мадуро стана пратеник откако Чавез беше избран за претседател на Венецуела во 1998 година.

Потоа стана претседател на Националното собрание, а подоцна и министер за надворешни работи.

Од страна на Чавез беше избран за негов наследник, па по неговата смрт, Мадуро беше избран за претседател во 2013 година.

Економски колапс и непочитување на човековите права

Никој нема дилема дека Венецуела, која е во Топ 5 земји во светот по резерви на нафта, доживеа економски колапс за време на владеењето на Мадуро.

Милиони граѓани на Венецуела поради сиромаштија ја напуштија земјата, а илјадници кои се противеа на неговиот репресивен режим завршија во затвор.

Дополнително санкциите од САД и други земји воведени последните години, ја влошија економската состојба во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ќе „управува“ со Венецуела до транзиција на власта, Американци ќе продаваат венецуелска нафта

На Мадуро ќе му се суди во САД, еве за што е обвинет

(Видео) САД ја нападна Венецуела, претседателот Мадуро зарабоен и изнесен од земјата

Фото: Мадуро/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести