Ниту еден македонски државјанин не побарал помош за евакуација од Иран

Досега ниту еден македонски државјанин од македонските власти не побарал помош за евакуација од Иран, поради влошената безбедносна состојба таму.

Информацијата денеска ја соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Тој вели дека сите ресурси биле подготвени доколку има потреба од евакуација.

Македонија нема резидентно дипломатско-конзуларно претставништво во Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР ги повика македонските државјани да го напуштат Иран

(Видео) Најмалку 2.400 убиени во протестите во Иран, бројката драматично ќе расте

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести